Скопјанец со тешки повреди пренесен во болница, го нападнале во својот дом

На 10 август 2025 година, во 23:44 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен А.М. (54) од Скопје.

Според информациите, повредите ги задобил околу 22:50 часот, кога во дворот на неговиот семеен дом бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.