Скопјани годинава дишеле помалку загаден воздух во споредба со последните пет години

Според официјалните податоци од државните мерни станици во главниот град, скопјани во последните пет години дишат сѐ по„чист“ воздух.

Имено, во јануари (кој важи за еден од најзагадените месеци) годинава, максималната среднодневна вредност на ПМ10 честиците изнесувала 162, за разлика од јануари 2015 година, кога изнесувала 560, пренесува „Канал 5“.

Значајно е што овие бројки покажуваат тренд на намалување, а не инцидентно намалување, при што кога ќе се споредат метеоролошките прилики се гледа дека средната брзина на ветерот била константна низ годините. Сепак, недостасува податокот колку често имало ветер, кој е можеби најзначајната алка за скопјани да дишат чист воздух.

И просечното годишно ниво на ПМ10 честици измерено од скопските мерни станици, според официјалните податоци на Министерството за животна средина, исто така покажуваат дека Скопје почнува да дише. За последните 5 години, од 71.3 вредностите се опаднати на 47.7. Главниот град сѐ поретко се наоѓа и на топ лисите на најзагадени градови, а според светската оргазниација Ај Кју Аир Скопје е сега на 380 место во групата на умерено загадени градови во светот според податоци од приватни мерни станици. И според науката евидентен е трендот на намалување на загаденоста. Тоа го покажало и последното истражување за загадувањето на воздухот поврзано со корона кризата и воведените рестрикции.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Трендот на намалување на загадувањето, сепак, не значи дека треба да прекинат политиките и мерките кои помогнаа да се дојде до ова ниво, туку напротив – да се продолжи и да се прошируваат ваквите практики, засилените инспекциски контроли, расчистувањето на дивите депонии, пријавувањето на палењето оган на отворено на телефонскиот број 193, како и сѐ помасовното возење велосипеди, за сите да дишиме почист воздух, пишува „Канал 5“.

- Реклама -