Скопје доби паркинг за жени

Очигледно предводени од клишето дека жените се ужасни шофери, некој се сетил да ги поштеди од пцовки па им направил женски паркинг.

screenshot-111

Во катната гаража кај „Народната и универзитетска библиотека Климент Охридски“, на првиот кат е направен паркинг на кој своите возила можат да ги паркираат исклучиво жени.

Што е разликата меѓу обичниот паркинг и женскиот паркинг? Кај вториот, линиите за паркирање се пошироки, а и пристапот е поедноставен. Се разбира, услов е мажите да имаат џентлменски пристап!

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -