Предстојното 33. издание на Скопскиот џез фестивал ќе започне на 16, а ќе заврши 19 октомври.
Концертите ќе се одржуваат во Универзална сала и последната вечер во МОБ, додека полноќните концерти ќе се одржуваат во Сити хол центарот.
Според директорот Белопета, причината за ангажирањето на Богдан Бенигар како програмски директор е потребата од освежување на фестивалот. Тој вели дека годинава ќе има големо освежување во програмата.
Автор на концептот на годинашново издание на Скопскиот џез фестивал е Богдан Бенигар, кој беше директор на љубљанскиот џез фестивал. Тој изјави дека ја прифатил поканата да ја конципира годинешната програма бидејќи во Скопје, за разлика од другите фестивали на Запад, кои, како што рече, се борат буквално за секој посетител, овде се уште има добра атмосфера и одлична посетеност.
За отварањето најавен е концертот на корејско шведското дуо на Јун Сун На и на композиторката и со Греми наградената тапанарка Тери Лин Керингтон. Додека како за затворањето на фестивалот, прв пар во Скопје ќе настапи култниот австралиски состав „Некс“
Во прдолжение погледнете ја целата ПРОГРАМА на овогодинешниот фестивал.