Уметникот Драган Гелев, роден 1984 година во Штип, каде што ги минува детството и тинејџерските години, ги претставува нашите умствени и уметнички вредности на светската сцена. Неговите уметнички дела, кои вклучуваат над 200 творби, се изразени во различни техники, како што се масло на платно, акварел, комбинирана техника и пастел.
Откако го завршил средното образованије, Драган трипати се обидел да влезе на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, но не бил примен. Потоа, се запишал на Педагошкиот Факултет во Скопје. Голем дел од неговиот живот е посветен на глумата, а тој нагласува дека заедно со сликањето, глумата му овозможува да создаде паралелен свет, што му ја грее душата.
Како син единец, моментот кога одлучил да ја напушти својата земја и да замине во Швајцарија, бил особено тежок за неговите родители, кои му се најголема поддршка.

Приказната за неговиот успех започнала сосема спонтано и неочекувано, кога случајно споделил едно свое дело. Тоа дело било забележано од новинарка од Чикаго, која работела во медиум за современа уметност и е ќерка на познат галерист од Холандија. Од тоа време, Драган започнува да го живее својот уметнички сон.
Во септември 2021 година, во Швајцарија, бил прогласен за уметник на месецот во најчитаниот весник Nau.

Неговите уметнички дела се изложени и продавани во најпознатите галерии во Европа, вклучувајќи ги Берлин и Лондон, а редовно учествува на групни изложби низ светот.
Драган е член на Здружението на ликовни уметници ‘Урош Предиќ’ од Србија, кое има триесетгодишна традиција во Швајцарија и е единствениот Македонец во него.
Во 2023 година, во родниот Штип, Гелев ја отвори самостојната изложба по повод 38-то Штипско културно лето.

Во истата година, неговата самостојна изложба „Носталгија“ се одржа и во Скопје. Тој нагласува дека неговото тело е надвор, но душата е во родната Македонија, која му е нераскинлива врска.
Драган истакнува дека уметноста бара многу љубов и труд и додава дека покрај своите деца, таа е основната смисла на неговиот живот.
За следната јубилејна година, планира самостојна изложба во Скопје, за која се надева дека ќе биде успешно реализирана.




