Како изгледа Скопје во бројки? Скопје измерено во километри, метри, жители…И малку географија.
Ќе почнеме со планините во главниот град каде што многу скопјани наоѓаат засолниште од загадениот воздух
1.066 метри е Водно со врвот Крстовар
2.450 метри е Масивот Јакупица-Караџица со врвот Солунска Глава-Мокро
1.506 метри е висока Осој
1.260 метри е висока Жеден
1.561 метри е Скопска Црна Гора со врвот Рамно
Освен Вардар низ Скопје течат и други реки
410,5 километри е долга Вардар (извор от Вруток до вливот во Егејско Море )
130 километри е долга Треска
65км е долга Лепенец
136,4км е долга Пчиња
33,3км е долга Кадина Река
29км е долга Маркова Река
Скопје има две вештачки езера – Матка и Треска, и шест клисури – Матка, Качаничка, Таорска, Жеденска, Дервенска и Бадарска. Метрополата има едно глечерско езеро Салаковски Езерца на планината Јакупица.
Ширина и должина на Скопје
42о00′ – северна географска ширина
21о26′ – источна географска должина
Скопје е распространето на 1818 км2, 23 км во должина и 9км во широчина и се наоѓа на надморска височина од 245 метри.
74,1 дена годишно Скопје е под магла.
Колку жители има Скопје?
506 926 – жители според пописот од 2002 година
72 009 – Аеродром
36 154 – Бутел
72 617 – Гази Баба
41 634 – Ѓорче Петров
59 666 – Карпош
57 236 – Кисела Вода
35 408- Сарај
45 412 – Центар
64 773 – Чаир
22 017 – Шуто Оризари