СКОПСКА ВОЖЊА

Еве ме мене повторно со текст за читачката елита. Фаворити и аутсајдери! Мојот следен канал е 365.com.mk, као ќоше на кој ќе иам доволно простор да си мрчам и да ве замарам.

Од времето кога го напишав последниот текст, у градов се направија 650 кружни токови. Многу луѓе заминаа у пензија, некои фоки ја загубија невиноста, а некои дури и успеаа пак да се сошијат. Кај мене се е исто. У главно мрчам на мојата ФБ страна, од време на време ќе се обесам на некој шанк и со душа го испраќам секој одвратен ден, чекајќи ноќта да го покрие ова срање од град!

Скопје е град со напиздени шофери, кои главно се неписмени и немаат основно познавање од сообраќај и сообраќајна култура. Градските татковци, за инает на оваа багра, начука еден куп кружни текови по градов за сите така како утки да си вртиме у круг и никаде да не стигнуваме. Јабучици ќе страдаат и вратот ќе ги боли оние кои не сакаат да се ѕверат у ретровизор. Мртвиот агол е заебан, али мртвата фаца у огледало уште повеќе. Стравот од сопствениот сурат најмногу го тишти овој народ. Затоа место да се ѕвери у ретровизор, ја вади глаата ко желка надвор од прозор и пази да не му улета некој напален тинејџер со украдената кола од татко му! Каква метропола сме да го ебам? Пола шофери ни се дојдени од места у кои се уште се вози по трапој а запрежните коњски коли од кои капат тазе коњски говна ни се дел од возниот парк шо ровари по градов.

У мое време коа полагав за возачка, едини кружен ток беше оној у Дебар маало. Финален круг у полагањето градска вожња. Сеа може докторат да браниме на оваа тема! Возиш една година низ Скопје, и веќе си магистар по кружни текови. Некоја ебана симболика на нашите животи. Да се вртиме у круг као утки и пак да се враќаме на почеток. Некои па дури и не можат да тргнат од почеток. Иам комшиница која кога паркира ауто, насабајле колата не може да ја извади ни со пајак. Така нестручно се напикува и паркира насабајле за да излезе, мора да ја креваат со кран.

Џабе што ги проширија булевариве по градов, кога сообраќајот ни е се позакрчен. Треба некој да ни ги прошири тоа виугите у глаата, и тоа со багер, да ни отвори некои хоризонти за полесно да пичиме у животов. Темпераментот и интелигенцијата на еден народ ќе го видиш на раскрсница. Две коли не можат да поминат од отварање до затварање на семафор. Некој дреме, некој блее у небо, некој касно го копча жолтиот сигнал, па додека убаци у брзина, семафорот веќе се затвара. Сосема ми е јасно зошто Турците не ебавале 550 години. Не фатиле на црвено а ние никако не сме успеале да го уловиме жолтото.

Ако ја се прашувам, би ги раскопал сите улици и булевари по градов и би напраил калдрми или земјени патеки. Наместо аута, превозно средство да ни е магарето. Наместо да трошиме на деривати, да одгледуваме сено. Ем градот незагаден, ем ќе се вратиме на она нашето изворно. Човек од магаре ќе падне па ќе си почини, ние цел живот у турбо ритам, и пак тапкаме у место.

Каде отидовме? Никаде. Две дестинации со колата натаму-нааму и тие крахираат на секоја прешалтана брзина. Градов ни е како организам со васкуларна болест. Ако продолжи да се накомува секаква чобанарија и ако таа ебана миграција село-град некој не ја забрани, ќе не стрефи цивилизациски инфракт. Едноставно ќе застане цел сообраќај и ќе нема каде. Ќе излеземе од колите и ќе се пцуеме кој е понеписмен и кој е крив за се. Џабе кружните токови, татковци! Скопје моли за рампа! За рампа и за заобиколница, која не проаѓа од тука… Само, што подалеку…

Пишува: Булеварко (крајно нетолерантен на сељаци у сообраќајот и чоек кој за време на вожња, може да напише енциклопедија на пцовки и сочни навреди)

- Реклама -