Скопското инди-рок трио Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на Шарла Рекордс. „Тажен понеделник” е снимена во студио Алшар, во период мај-јуни 2024 година. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на Милко, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини – тапани и Владимир Бичковски – сајзери.