Ресторан во Венеција „одрал“ четворица млади туристи од Јапонија и го разбеснил градоначалникот Луиџи Бруњаро, пренесуваат локалните медиуми. Тој смета дека ваквите случаи го нарушуваат угледот на Венеција и нејзините граѓани.
Четворицата млади туристи седнале да јадат во ресторан на плоштадот Свети Марко. За четири порции пржени морски плодови и вода, добиле сметка од 1.100 евра, пренесува агенцијата Ansa.
Градоначалникот вети дека и лично ќе го истражи случајот. „Ако се утврди дека овој срамен случај е вистина, ќе направиме сé за да ги казниме одговорните“, рече Бруњаро.
Бруњаро или не, случајот ќе го истражува и полицијата. Пријавен е од самите туристи, но во Болоња, каде што студираат.
Туристи и порано биле шокирани од цените во Венеција, како на пример во 2013-та кога пар несреќници што не го прочитале менито платиле над 100 евра за четири кафиња и три ликера.