Како да го залечите скршеното срце

Ако неодамна раскинавте со партнерот и не успевате да ја надминете депресијата, прочитајте ги следниве неколку чекори со кои полесно ќе ја преживеете љубовната бура.

Ако и понатаму мислите на поранешниот партнер, дури и кога сте во друштвото на други луѓе, ако продолжувате со плачење и се чувствувате ужасно кога помислувате дека тој може е со нов партнер, ако сите ваши дневни активности ве потсетуваат на него и ако и понатаму се надевате на смирување иако партнерот јасно ви нагласил дека тоа нема да се случи, тогаш признајте си дека вие сте сѐ уште вљубени во партнерот, иако тој веројатно продолжил понатаму.

Исто така, доколку на која било од овие неколку точки сте одговориле потврдно, тогаш навистина треба да си признаете дека и понатаму не сте го преболеле разводот или крајот на врската.

За среќа, почетокот на заборавањето на партнерот почнува со признавањето на вистинските чувстува, но и со нивно прифаќање. Затоа, време е за осветување и за позитивни мисли со кои започнува процесот на заборавање на партнерот со кој повеќе не сте заедно, затоа што само на тој начин ќе го залечите скршеното срце.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Познато е дека кога двајца се соочуваат со иста ситуација, тие може да реагираат потполно различно. На пример, еден од партнерите за време на разделбата може да биде депресивен и крајно тажен, додека другиот ќе остане смирен и ќе биде отворен за нови почетоци. Разликите во реакциите најмногу зависат од индивидуалниот став на лицата.

Луѓето можат да преземат контрола над својот живот, здравје или кариера. Раскинувањето или разводот треба да ги доживувате како мост што мора да го поминете за да го оставите минатото зад себе, за да почнете со остварување на идните желби и потреби.

- Реклама -