Скутер за достава со звучни ефекти (видео)

скутерКога Domino’s Pizza во Холандија започнала да користи ексклузивно електрични скутери за достава се јавила грижа дека тивките скутери би можеле да бидат опасни за пешаците. Решение било додавањето на звучни ефекти.

Но наместо да бараат традиционални звуци од мотор од компанијата решиле да искористат снимка од човек кој симулира звуци на мотор и додава “Domino’s!” и “Pizza!” што е генијална реклама за компанијата. Овој скутер гарантира дека ќе ве насмее кога првпат ќе го чуете но најверојатно е малку здодевен за оној кој мора да го вози секој ден.

{youtube}n17B_uFF4cA{/youtube}

- Реклама -