Слабејте работејќи низ домот

Правосмукалка Иако сите мразат работа низ дома (или во најмала рака би требало да мразат), научните истражувања покажале оти средувањето низ дома го подобрува психолошкото здравје и може да ви помогне кога се чувствувате како да сте во безизлезна ситуација. Но, тоа не е најдоброто нешто. Работата низ дома помага во слабеењето.

Иако сите мразат работа низ дома (или во најмала рака би требало да
мразат), научните истражувања покажале оти средувањето низ дома го
подобрува психолошкото здравје и може да ви помогне кога се чувствувате
како да сте во безизлезна ситуација. Но, тоа не е најдоброто нешто.
Работата низ дома помага во слабеењето.

ПравосмукалкаПуштете си ја омилената музика, фатете се за работа, запнете малку посилно од обично и мерете колку време сте работеле. Покрај тоа што ќе се опуштите и ќе се чувствувате добро (дури и ако се наоѓате во некоја тешка ситуација); ќе загубите и одреден број калории.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

За работа од отприлика половина час, просечен човек кој тежи приближно 70 килограми, ќе потроши:

– 72 калории перејќи алишта;

– 76 калории миејќи тањири;

– 84 калории чистејќи со правосмукалка;

– 153 калории бришејќи прозорци;

– 153 калории миејќи го автомобилот;

– 162 калории косејќи го тревникот;

-162 калории средувајќи ја градината;

– 172 калории собирајќи ги лисјата со гребло;

– 189 калории рибајќи го подот; и

– 225 калории разместувајќи мебел.

- Реклама -