Сламените чанти се во тренд ова лето

Модата од 70-те сосема го освои ова лето.

Последните неколку месеци уживаме и живееме во духот на далечните 70-ти, а да бидеме искрени убаво е да се живее како модна икона од оваа доба.

Плетените чанти од слама доживеаа големо враќање во модната сезона 2015. Тие се кул, тренди, но и винтаџ…тие се супер сестрани, можат да бидат дизајнирани во тон стилови – големи, мали, за навечер, за на плажа, за на работа.

Чантата од слама може да биде одличен кежуал бохо стил, може да се стилизира на милион начини и всушност изгледа одлично кога ги вкрстува силите со било која облека.

- Реклама -