„Се уште верувам дека силата ЕУ младите. Иднината е во младите, но тие мора да се охрабрат малку, да ги тргнат оние стари окови што ни се зкачени, дека ова сме или не сме. Или дека ќе си издајник ако си разумен. Јас пак мислам дека овие што не се разуми се душмани и издајници“ рече раперот Марко Маринковиќ Слаткар во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“.
Со песната „Отворено писмо“, која завршува со пораката дека „Силата ЕУ младите“, раперот даде поддршка за референдумот за Договорот со Преспа во 2018 година и рече дека се уште верува во европската идеја.
„Во песната ‘Отворено писмо’, ‘Силата ЕУ младите’ е хајлатот, така завршуваше. ‘Возот ни доцни, не дозволувајте да ни побегне’, но возот како да не стигна, како да заглавил негде. Не знам каде заглави. Викаат накај Софија или Солун, но јас знам дека немаме пруга таму. Ваљда е негде овде заглавен, меѓу нашиве локални пруги“ рече Слаткар.
Тој додаде дека географски е решено дека земјава е дел од Европа и дека нема други опции освен патот кон ЕУ.