Слаткаристика будало! Три пати по ред!

Слаткар веќе деценија и половина, повеќе од успешно ја пишува својата успешна и плодна музичка кариера, која периодов резултира со трет последователен концерт во петок, на 29 март.

„Ние не работиме за рекорди само се воодушевуваме кога ќе направинем нешто што некој не го направил.  Јас немам таков нарав да срушам нешто за да добијам нешто. Правиш нешто што никој не го направил и тоа е за мене многу голем комплимент што во овој момент си го давам сам. Ја не сум се осеќал болје на бина никад у животот. Мислам дека луѓето не ме виделе у овоакво светло. Се она што мислиме пред 15 години било многу добро сега е 15 пути боље“, вели Марко за Трн.

Меѓу другото истакнува кога особено го воодушевува кога во публика ќе види ќерка со мајка, татко со син или цело семејство. Нескоромно, а и со право признава дека за да се има добра кариера мора да се има и добра сцена.

Тони Зен

– Ти не можеш ништо да направиш сам. Јас сум бил најак у животот кога биле најјаки Тони Зен, 2Бона, Тајзи, додава Слаткар во видео интервјуто за Трн искрено и без пардон, онака како што му доликува.

- Реклама -