Следната генерација Nissan Micra – поголема и поквалитетна

Јапонците по серијалот неофицијални гласини, објавија дека следната генерација Nissan Micra ќе биде мошне поголема од гледна точка на димензиите, а автомобилот ќе се разликува и според квалитетот.

Извршниот потпретседател на компанијата, Тревор Ман, вели дека токму со новиот дизајнерски јазик и квалитет, компанијата ќе бара нови клиенти. Тој додава дека овие чекори се преземаат поради реално релативно слабиот интерес за сегашната генерација на Micra, што според многумина се должи на нискиот квалитет во внатрешностат. Според него, нема објаснување за ова и ги прифаќа сите критики, па се тргнува во сосем поинаква насока.


Се очекува новата Micra да се појави уште догодина, а на дизајнот сериозно ќе влијае концептот Sway. Со поголемите димензии ќе се отвори простор за уште еден помал автомобил во палетата на Nissan, кој се најавува подолго време.

- Реклама -