Слика вредна 6 милиони евра пронајдена во кујната на една фрацузинка

Сликата е откриена како виси во домот на една старица во близина на Париз, оваа слика е изгубено ремек дело на фирентанскиот уметник Чимабуе, велат уметничките експерти.

Жената мислела  дека станува збор за стара икона. Но, експертите велат дека не е „спорно“  потеклото и навистина станува збор за слика вредна 6 милиони евра.

Биле направени  тестови врз уметничкото дело со помош на инфрацрвена светлина за да се утврдат сличностите со делата на италијанскиот сликар Чимабуе, познат и како Чени ди Пепо.

„Сликата е направена од истата рака“, рече уметничкиот експерт Ерик Туркин, објави францускиот весник „Ле Фигаро“.

Ова  уметничко дело што го прикажува Христовото страдание и распетие, датира од 1280 година.

Сликата ќе се најде на аукција на 27 октомври во Франција.

- Реклама -