Во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“ „Траги од два света“, на 16 август ќе се одржат неколку работилници и предавања на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје.
Од 10 до12 часот ќе се одржи предавањето Акциона Графика на Петер Валиска-Тимечко.
Предавањето го претставува историскиот контекст на уметноста на акцијата низ селекција на словачки и меѓународни уметници кои тематски работат со стратегии на акција, кои се поврзуваат со графичкиот медиум.
По ова ќе следи работилницата Градски Структури на Станислав Пјатриќ која ги следи перформансите „Матрицата како ринг“ и „Корео-графика“ под водство на Петер Валиска-Тимечко и Станислав Пјатрик, кои ги запознаваат учесниците со техниките на монитипија и фротаж.
Од 13 до 14 часот ќе следи предавањето Словачки визуелни уметности и позициите на акционата графика на Петер Валиска-Тимечкои Бранислав Журко. По што ќе има тура низ изложбата и разговор со уметниците. Модератори се Бранислав Журко и Адам Мачко.