Словенија ја совлада Норвешка за прво олимписко полуфинале


Репрезентацијата на Словенија ја изненади Норвешка и триумфираше со 33:28 во последната средба од четвртфиналната рунда на Летните Олимписки Игри.

Словенците испишаа историја затоа што за првпат успеаа да обезбедат полуфинале на оваа сцена, поточно закажаа битка со најголемиот фаворит за златото Данска која претходно беше подобра од Шведска со 33:28.

Избраниците на Зорман покажаа добра, константна игра низ сите 60 минути, одиграа одлично на двете страни на теренот и сосема заслужено им земаа мерка на фаворизираните скандинавци.  Влах со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Блонц имаше седум реализации.

Во другото полуфинале ќе гледаме ракометна класика меѓу Германија и Шпанија.

- Реклама -