Случајно или намерно: Џеј Ло го прекрши основното модно правило

Секое јавно појавување Џенифер Лопез, која важи за една од најголемите перфекционисти кога се во прашање позирањето и модните избори, го доведува до совршенство. Но, беспрекорната убавица дали случајно или пак намерно го привлече вниманието со прекршување на едно од основните модни правила.

Проѕирните блузи некогаш предизвикуваа коментари дека се претерани, но за среќа ова женствено парче облека е спасено со правилото кое налага избор на адекватен градник.

Ова непишано правило на кое се придржуваат дамите го прекрши токму Џенифер Лопез.

dzej lo

Крем панталоните со висок струк пејачката ги искомбинира со проѕирна блуза со цветен принт, но впечатокот на совршенство го расипа белиот градник.

Со оглед на тоа што модните грешки не се вообичаени за неа, се прашуваме дали Џенифер намерно го направила тоа за да привлече внимание.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 
- Реклама -