Случајно откриена најцрната боја на светот

Пред неколку години, една компанија направи црна боја, која ја нарекоа најцрната црната боја досега.

Оваа боја е позната како „Vantablack“ (Вантаблак) и се вели дека има можност да апсорбира 99.965 проценти од светлината. Ако мислевте дека е лудо, изгледа дека научниците од МИТ случајно успеале да направат уште потемна верзија на бојата од оваа.

Научниците експериметирале како би можеле да добијат јаглеродни наноцевки изработени од специјална алуминиумска фолија за подобрување на неговите електрични и термички способности. Но, изгледа при тој процес успеале да креираат материјал кој е толку црн што сватиле дека тој апсорбира дури 99,995 проценти од светлината, што го прави да биде поцрн од (Вантелблак) „Vantablack“.

За да ги покажат своите резултати тие зеле жолт дијамант од 16,78 карати и го прекриле со овој материјал, пишува ubergizmo.com. Во мометнот се прикажува на изложбата во Њјурок под името “The Redemption of Vanity” (“Откуп на суетата”), наместо овој дијамант да се претставува како еден од најсветлите дијаманти во светот, тој е претставен да изгледа како обичен рамен камен.

Научниците веруваат дека овој материјал може да се користи на многу начини, а еден начин како оптички заслепувач за да се намали несаканиот сјај и да им помогне на вселенските телескопи да бараат нови планети. Од друга страна, Vantablack (Вантаблак) ја најде својата примена во автомобилската индустрија, каде што BMW го искористи за да го покрие својот нов модел со овој материјал.

 

- Реклама -