Small Star Empires пак на Kickstarter

Archona Games во моментов ја остварува својата успешна Кикстартер кампања за играта Small Star Empires.

Small Star Empires, друштвената игра која го имаше својот успешен Кикстартер пред две години, повторно се враќа на истиот (успех и Кикстартер), овој пат како втора едиција на играта збогатена со две нови експанзии Dawn of Discoveries и The Galactic Divide. Својата препознатливост ја добива поради едноставноста и брзината што ги нуди, се мести и игра за половина час, што ја прави одлична мала игра што можe да се игра секаде. Повеќе информации за играта – http://www.archonagames.com/small-star-empires/

Новитетите во основната верзија на играта се сведуваат на score track и nebula markers, кои имаат основна задача да ве ослободат од непотребно броење и да ви дозволат да се фокусирате кон наредните потези.

Од Archona Games ги објаснуваат деталите:

Во првата од двете експанзии наречена The Galactic Divide додадовме 4 нови цивилизации, уникатни способности, battle stations и power tracks. Сето тоа без да ја нарушиме едноставноста на играта. Целта на овие додатоци е да додаде повеќе опции за собирање поени и креирање на акции согласно способностите на вашата цивилизација. Со ова, можете да правите повеќе акции во текот на еден круг, подобро да го планирате наредниот круг и да бидете подобри во играта (евентуално).

Во втората од двете експанзии наречена The Galactic Divide решивме да ве предизвикаме во целост преку додавање на ресурси или минерали и Research Stations кои ќе ја подобрат играта преку понуда на технологии доколку ги имате правите ресурси во рака. Секако, поентата на играта е да ја освоите галаксијата, така што секој минерал што се наоѓа во вашата рака носи повеќе поени за остварување на акциите што ги спомнавме во претходната експанзија.

Можеби звучи целосно комплексно и чудно, но во реалност е полесно него што изгледа.

Тоа што некако спонтано се случи е одличниот артворк на Милан што веројатно успеа даја издвои од другите игри, а можeвте да го забележите по социјалните медиуми и во самата игра. Во моментов сме активни во кампањата која што тече, со цел да ја финансираме оваа втора едиција и двете експанзии. На наше големо изненадување ја имавме таа среќа да ги исполниме првичните цели во период од 24 часа. Секако, водејќи се од мотото „зошто да биде едноставно кога може да биде сложено“, решивме да додадеме уште неколку заклучени детали кои ја збогатуваат играта, а истите ги отклучуваме со исполнување на наредната цел која можете да ја проверите на нашата Кикстартер страна и да не поддржите доколку ви се допаѓаат работите што ги гледате. – https://kck.st/2EJI1X1

- Реклама -