Смартфонот на Mozilla конечно дојде

Долго очекуваниот смартфон на Mozila со оперативниот систем Firefox официјално беше претставен на 3-ти јуни. Mozilla исто така склучи партнерство со фабриката Foxconn која ќе ги произведувасмартфоните со OS Firefox.

Засега не е познато под кој бренд ќе се појави овој смартфон на Mozilla, бидејќи во игра се повеќе производители како LG, Huawei, ZTE и други. Sony и Alactel веќе се вклучија на оваа платформа со изработка на свои уреди. Сите овие познати брендови изразија подготвеност да му дадат шанса на новиот оперативен систем.

Mozilla исто така вредно работеше и на базата на апликации која ќе ја збогати нивната нова платформа и се очекуваат неколку оригинални сервиси кои ќе им бидат понудени на корисниците, како и најкористените апликации за мобилен.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -