Крадец во Кина бил фатен поради… смрдливите чорапи. Имено, порано месецов, човекот идентификуван како Јанг, се обидел да ограби помал хотел во кинеската провинција Уху. Со цел да избегне да предизвика и најмал звук, крадецот ги соблекол чевлите. На видеото од безбедносната камера, споделено од кинеската локална полиција, јасно се гледа како крадецот се провлекува низ фоајето носејќи ги чевлите во рака.
Тоа што крадецот не го размислил е дека сопственикот бил во соседната соба. Сé одело по планот додека сопственикот не го докачила ужасна миризба. Тој излегол од собата за да види што е работата и се нашол очи во очи со крадецот. Овој, така бос и во паника, фатил да бега, но брзо бил стигнат и фатен на паркингот на хотелот.
Во станица, Јанг признал дека истата вечер ограбил уште неколку други хотели, со истиот метод со кој се обидел и во овој.
Сличен случај во Кина имаше и лани. Провалник во дом во провинцијата Анхуи, исто така ги соблекол чевлите за да не прави врева и да не остави трага, но сопственикот случајно се вратил додека овој претурал во потрага по накит и скапоцености. Крадецот брзо се сокрил под креветот, но смрдеата од чорапите веднаш го издала. Инстантно бил фатен, а кратко подоцна и уапсен.