Зимава по македонските тротоари имаш две опции ако имаш мало дете: да го носиш во раце и да ризикуваш двајцата да искршите глава, или да го возиш во количка по нерамниот мраз и да се чувствува како да вози офроуд без амортизери.
Нашите мајки, баби и прабаби научиле да прават триста јадења од пиперки – од мака. И ова ќе му дојде слично. Кога нема кој да го исчисти мразот, било да се тоа градски власти или совесни граѓани, човек станува креативен. Креативен како Васе Петровски – Аманито од Скопје, кој бидејќи нема ќеркички за фрлање, ѝ опнал скии на бебешката количка.