Снимен нов сончев систем

Повеќе...

Американските научници достигнаа нова етапа во истражувањето на вселената правејќи ги првите фотографии и снимки врз нови четири планети надвор од нашиот сончев систем.
 

Американските научници достигнаа нова етапа во истражувањето на вселената правејќи ги првите фотографии од друг сончев систем на кои има три планети кои кружат околу една ѕвезда.

Планетите изгледаат мали, нешто поголеми од оние кои кружат во соѕвездието Пегаз. За фотографирање научниците го искористиле вселенскиот телескоп Хабл. Шефот на тимот, астро-физичарот Пол Калас, за снимање на овие планети искористил камера поставена на телескопот. Користејќи ја компјутерската технологија успеале и да го исфилтрираат заслепувачкиот сјај од снимките направени на овој нов сончев систем.
tri.jpg
Во истиот ден, друг тим на научници со седиште во Калифорнија, предводен од д-р Брус Мекинтош, ги направил првите фотографии на целиот систем, користејќи два телескопи поставени на Земјата.
На фотографијата е планетата Фомалхот Б, што на арапски значи рибина уста. Оваа планета е оддалечена од Земјата пет светлосни години и се смета дека по големина е слична на Јупитер.
crvena.jpg
Ова достигнување на научниците им е отскочна даска кон крајната цел, а тоа е фотографирање на планети од друг сончев систем слични на нашата. На научниците ќе им биде потребна повеќегодишна работа за да можат да направат нови фотографии, но ова што го постигнаа би можело да го означи почетокот за идни нови сознанија за составот и релјефот на неколку стотици планети за кои се знае дека постојат надвор од нашиот сончев систем. Во последните 13 години откриени се над 300 планети надвор од сончевиот систем, но единствено со мерење на промената на гравитација, брзината и светлината околу ѕвездите. [Images captured of 4 planets outside solar system]

- Реклама -