Со чиста пегла

Пеглата би требало редовно да ја чистите, за да не се соберат на неа тврдокорни дамки и нечистотија, кои можат да ја исфлекаат облеката.
Меѓутоа, многумина немаат време редовно да ги чистат куќните апарати, а особено пеглата.

Сепак, постои брз и едноставен трик со чија што помош, со леснотија можете да ја отстраните сета нечистотија и остатоците од ткаенина, залепени за површината на пеглата. Потребна ви е само стара крпа или алуминиумска фолија и малку крупна сол. Ставете сол во крпата или фолијата, направете пакетче. Со загреаната пегла поминете по „пакетчето“, а солта поради својата текстура без никакви последици ќе ја отстрани нечистотијата.

- Реклама -