Со јогурт против брчки

Супермоделот и фотограф Хелена Кристенсен вели дека тајната на нејзината убавина е во маските, кои секоја жена може да ги направи во домот.
Таа препорачува полномасен јогурт за лице.

 – Еднаш во неделата мачкам јогурт на лицето и по 20 минути го мијам. Млечната киселина ме подмладува и делува како пилинг, бидејќи го отстранува површинскиот слој на кожата, правејќи ја мазна и нежна, објаснува Хелена.

Инаку, јогуртот содржи алфахидроксилна киселина, вклучувајќи и млечна, која најчесто се користи за ублажување на брчките. Богат е со витамин Б.

Во продолжение еве уште една домашна крема против знаците на стареење.

Домашна крема против брчки од мед, стара 2.000 години

Направете сами ефикасна крема од природни состојки, по грчкиот рецепт стар 2.000 години.

Не морате да трошите големи суми на пари, или да купувате препарати за нега на кожата. Можете самите да направите ефикасна крема од природни состоји, според грчки рецепт стар 2.000 години.

Прочитајте и:  Стареењето некогаш се случува забрзано

Потребно е: лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200 мл. бадемово масло, пола шолја вода од ружа.

Постапка: На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога добро ќе се растопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади, но не сосема. Водата од ружа додадете ја во топлиот восок и капка по капка, постојано мешајте.

Кога лосионот ќе биде добро промешан, сипете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите дури откако препаратот сосема ќе  се олади. Оваа крема можете да ја користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.

- Реклама -