Стотина кокошки биле најдени мртви во источна Кина, по што судот
одлучил дека причината за нивната смрт била врескањето на едно
4-годишно дете, кое пак било исплашено од куче што лае.
Стотина кокошки биле најдени мртви во источна Кина, по што судот одлучил дека причината за нивната смрт била врескањето на едно 4-годишно дете, кое пак било исплашено од куче што лае.
Бизарната секвенца започнала кога момчето пристигнало во источната провинција Јингсу каде татко му разнесувал боци со гас. Според сведоци во близина имало куче кое почнало да лае на него, по што тоа се скрило до кокошарникот и на цел глас плачело.
Судот одлучил дека поради викањето на детето и неговиот „неочекуван абнормален звук“, 443 кокошки се изгазиле меѓусебно до смрт во паниката и стравот кои им биле нанесени.
Таткото на детето сега ќе мора да плати $230 како компензација за штетета на сопственикот.