Со Планот за раст Мицкоски ја призна добро сработената работа на СДСМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека денеска во Владата премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани во целост го потврдиле, а како што нагласува на 16 септември и ќе го потпишат, Планот за раст кој бил подготвен од Владата на СДСМ.

-Без да изменат речиси ништо во тој план, тие ја призна добро сработената работа и спроведената Реформска агенда од страна на СДСМ, пишува Филипче на Фејсбук.

Според него, ниту едно ветување на Мицкоски не е исполнето.

-Ниту едно ветување на Мицкоски кое тој ревносно го повторуваше не успеа да го реализира. Напротив. Мицкоски го прифати целосно Коридорот 8 и одеднаш проектот не завршувал како тунел во планина. Сега тој проект е добар. Мицкоски се согласил и дека нема да се распуштаат Советите за судии и јавни обвинители, иако со денови во јавноста кажуваше дека ќе го направи тоа. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту било која меѓународна институција, не дозволува политичко мешање во изборот, кое очигледно беше цел на Мицкоски, нагласува Филипче.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Според него, чесно би било ова да го признае пред граѓаните отколку партијата да измислува спинови и паравани за нереализираните ветувања. Но, додава, тоа говори за него и неговиот начин како ја разбира политиката.

Претседателот на СДСМ потенцира дека нема простор за импровизации, ниту пак, како што нагласува, за  лажни ветувања и поигрување со емоциите на граѓаните кога се во прашање стратешките цели на државата и ЕУ интеграциите.

- Реклама -