Со сите мои сили продолжувам да работам на остварување на значајни проекти што ја менуваат сликата на Кисела Вода

Соработката помеѓу локалната и централната власт треба да биде пример за тоа како заедно можеме да работиме за подобра иднина на нашите општини и државата. Ова го истакна пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска на својата страница на Фејсбук.

„Сë уште продолжувам со целосно посветување за реализирање на значајни проекти кои ја променуваат визијата на Кисела Вода. Задоволна сум од сè што сме постигнале заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но нашата работа не престанува тука!“ – напиша таа во својот пост.