Собрани 850.000 долари за Музеј за Никола Тесла

Обидот за собирање средства за музеј посветен на Никола Тесла ја достигна целта од 850.000 долари за помалку од една недела.

Метју Инман, кој ја имаше идејата за оваа проект, не го доби спонзорството од корпорациите на кое се надеваше но сепак имаше двајца спонзори кои донираа по 33.333 долари. Непрофитната организација Tesla Wardenclyffe Project Inc. веќе неколку години се обидуваше да ја купи Ворденклиф, локацијата на една од лабораториите на Никола Тесла во Шорхам, Лонг Ајленд.

Компанијата која го поседува имотот, Agfa Corporation, побарала 1,7 милиони долари за 6,4 хектари земја. Државата Њујорк понуди да плати 850.000 долари ако организацијата собере уште толку.

Инман, познат Тесла ентузијаст, го предводел собирањето пари преку Indiegogo, посочувајќи дека во САД нема музеј посветен на Тесла (но има еден во Белград), тврдејќи дека Afga Corporation добила понуда од друг заинтересиран купувач кој сакал да ја сруши старата лабораторија и да отвори трговски центар. Обидот за собирање на средствата ја достигнал својата цел за само шест дена.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

Претходно Tesla Wardenclyffe Project успешно лобирал за регистрирање на Ворденклиф во Националниот Регистар за Историски Локации, но за локацијата официјално да биде внесена во регистарот мора да добие официјална номинација од сопственикот. Според вебсајтот на непрофитната организација, тие се надеваат да додадат „модерни научни установи“ крај она што ќе стане “Nikola Tesla Museum, Library and Historical Archive”. [The Oatmeal successfully raises $850.000 for a Tesla Museum]

- Реклама -