Социјалните мрежи предизвикуваат ниска самопочит

Социјалните мрежи би можеле да штетат повеќе отколку што помагаат кога е добросостојбата во прашање. Ова е заклучокот до кој дошле научниците одговорни за мала студија направена од Универзитетот од Салфорд во Британија.

Околу половина од 298-те учесници во студијата, кои себе си се идентификувале како корисници на социјална мрежа, рекле дека нивното користење на социјални мрежи како Facebook и Twitter го влошува нивниот живот. Специфично, учесниците пријавиле дека нивната самопочит страда кога ги споредуваат своите постигнувања со оние на нивните онлајн пријатели.

{youtube}h1in3mM0eS8{/youtube}

Покрај проблемите со самодоверба, две третини од доброволците тврделе дека нив им е тешко да се опуштат или да спијат по поминување одредено време на социјалните мрежи. Една четвртина ги поврзале своите проблеми со работа или романтични врски со онлајн конфронтации. Повеќе од половина велат дека често се чувствуваат „загрижено или неудобно“ ако немаат пристап до нивните профили.

- Реклама -