Софија го именуваше Желјазко Радуков за амбасадор во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев и бугарската Влада постигнаа договор за именување на амбасадор во земјава. Согласно договорот, Желјазко Радуков ќе го замени Ангел Ангелов на функцијата амбасадор.

Радуков веќе работел во Амбасадата во Скопје како трет секретар во периодот од 2010 до 2013 година. Тој има и пракса во Амбасадата во Белград. Во бугарското Министерство за надворешни работи Радуков беше одговорен за односите со Македонија по 2021 година, за време на привремените влади на Радев.

Тој е и организациски секретар на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања помеѓу двете земји.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени
- Реклама -