Софиски „24 часа“: Данела Арсовска нема бугарска лична карта

„Независната кандидатка за градоначалник на Скопје – Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, имала бугарско државјанство, соопшти пратеничката од СДСМ – Славјанка Петровска. Така веќе два дена во Скопје се разгори скандал со бугарски привкус“, пишува денеска софиски „24 часа“.

Порталот посочува дека денеска СДСМ покажа и копија од бугарска лична карта за која тврди е на Арсовска, иако во истата, потенцира „24 часа“, стои името „Даниела“, со разлика од една буква.

По ваквиот развој на настаните кај нас, редакцијата од Софија решила да ја провери информацијата.

Според објавената копија од личниот документ, тој е издаден во мај 2017 година, со наведена постојана адреса во Петрич, валиден до 2027 година. Новинар од „24 часа“ побарал таков документ на веб-сајтот на бугарското МВР во делот на бугарски лични документи.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
Документот што го објави СДСМ, со црвено го посочивме бројот на личната карта

На посочениот број на личната карта и датумот на раѓање се покажува дека: „Документ N: [6469489279] на лице со дата на раѓање [20.12.1979] не фигурира во списокот на валидните бугарски лични документи“, заклучува порталот.

„24 часа“ ја пренесе и изјавата на Арсовска по повод обвинувањата од СДСМ дека крие дека има бугарски пасош.

„Разочарана сум, како не им е срам? Жално е што го направија тоа два дена пред крај на кампањата. Не давам оставка, Заев нека ја подготви својата во понеделник“, цитира порталот.

- Реклама -