Соголена пред страста

Носеше црни секси чорапи, во комбинација со црн чипкест долен веш. Не сакаше де мо де ниту нешто што секој го има, иако сметаше дека ова би требало секоја девојка да го има закачено во плакарот за својот сакан и во заедничкиот кревет.

Вечера со него, тој немаше претстава што има под тоа црно лелеаво фустанче, а горе притегнато кое ги истакнуваше нејзините гради. Бисерите недоливо го галеа тоа деколте, безбројните бисери кои го збогатуваа тој примамлив изглед. Нејзините црвени усни зборуваа без престан како и секогаш, а тој внимателно ја следеше и ја држеше за рака. Ја галеше нејзината благо виткана коса и и кажа колку е прекрасна… Те сакам рече. Таа ја држеше ладната заледена вотка во раката и се сврте кон него… и јас, – рече. Не знаеш колку. Јас повеќе, -рече тој. За тебе живеам, ти си ми се, не можам да го замислам мојот живот без тебе. Не живеам повеќе во минатото, не ме осудувај… сакај ме слободно… никогаш повеќе нема да те повредам. Го гледаше и сакаше да му каже дека тој е нејзин свет, ама се чуваше, да не ја боли, да не потклекне… Сеуште тонеше во неговите очи… Го бакна, и рече – Ќе те сакам засекогаш!

Ја прегрна силно, ја внесе во својата душа, ја бакна повторно… ја крена чашата и наздрави со нејзината ледена вотка, со нејзиното загреано срце, со нејзиниот жежок поглед. За нас – излегоа зборовите од нејзината уста, низ нејзниот црвен кармин. Се насмевнаа.

Беше долга вечер… разговори… вотки, за неа. Тој уживаше во белото вино и во неговата искреност. Се смееја. Сите ги гледаа, не им беше важно. Неколку пати стануваше и одеше во женскиот тоалет да ја поправи шминката, за него, се беше за него, а тој не ги знаеше тие мали гестови кои таа тајно ги правеше само за него. Додека се движеше сите ја гледаа нејзината грациозност, сите тонеа во нејзината убавина, оставајќи го зад себе мирисот на скапиот парфем и блесокот на бисерите кои го красеа нејзиниот врат… а таа? Не погледнуваше во никој. Беше само негова.

д

Седна на масата и тивко му шепна – однеси ме одовде. Ја бакна толку страсно што сите го видоа тоа… но тие беа и единствени во кои имаше и што да се виде. Таа иако нежна и слатка, сепак заводлива и згодна, секогаш насмеана и добро расположена. Тој стокмен од горе до доле. Совршен дечко, црн, со најубавите полни усни кои и како бакнуваат… Со раце полни нежност, дечко кој ја правеше сигурен, прекрасен… совршен пар. Се гордееа еден со друг. Секогаш беа во центар на вниманието, како со својот изглед така и со своите чувста кои од километар се забележуваа. Со очите се разбираа, со насмевките се повикуваа, со бакнежите си заминуваа. И без збор знаеја што сакаат, како чувствуваат…

Станаа… ја прегрна нежно околу половина и заминаа. Ја однесе дома кај него.

…………………….

Ја фати силно, почна да ја бакнува… уживаше на нејзините усни, го галеше целото нејзино тело…. одеднаш ја сврте. И полека почна да и го откопчува црното фустанче додека ја бакнуваше на вратот и се гледаа во огледало.

…Ја фати  косата во опавче. Ја сакаше тој кога е таква, секси а палава. Останаа на подот и штиклите и фустанчето… а таа во неговите раце. Ја седна на бирото. Конечно излезе она што се криеше цела ноќ под фустанчето. Кој би рекол дека и таму има нешто плус, нешто кое секој маж би го посакал, но само еден го има и го гледа во моментов, и понатаму…. и засекогаш.

Ја гледаше одредено време… имаше само воздишки, а таа само рече – твоја сум, и потона во неговата прегратка….

…Мередит Кортни…

- Реклама -