Пред почетокот на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ на црвениот килим се појави и режисерот Столе Попов.
Најновиот филмски проект во негова режија „До балчак“ премиерно ќе биде прикажан утре во Битола, а Столе одговори на шпекулациите дека филмот се соочил со финансиски проблеми.
Имено, тој на прашањето „ Дали е вистина дека дел од актерите и учесниците во проектот се уште не се исплатени“ навреден изјави – „Јас сум режисер, а вие треба да знаете што значи тоа“.