Сомалиската Ал Шабаб им го честита на Хамас нападот врз Израел: „Ви благодариме за џихадот и добрата работа“

Сомалиската исламистичка терористичка група Ал Шабаб и честиташе на палестинската група Хамас за нападот врз Израел во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе во еврејската држава.

„Ви благодариме за џихадот и добрата работа што ја направивте“, се вели во пораката на терористичката група поврзана со Ал Каеда.

Ал Шабаб е активна во Сомалија повеќе од 15 години и продолжува да контролира делови од земјата на Рогот на Африка. Исламистите владеат таму со строго толкување на шеријатскиот закон со казни вклучувајќи егзекуции, ампутации и камшикување.

Групата убива цивили, а цел на атентат се функционери, новинари или критичари. Во 2017 година групата беше одговорна за напад во кој загинаа речиси илјада луѓе.

Прочитајте и:  Еј-Би-Си Њуз: Нетанјаху одобри цели за одмазднички напад врз Иран, се чека конечна одлука

Откако првично ја поддржуваа, многу Сомалијци сега гледаат на Ал Шабаб како окупатори контролирани од надворешни сили.

МИА

- Реклама -