Што се случува кога ќе пристигнат „сомнителни“ резултати од Пап-тест?
Сте отишле на редовна годишна контрола кај вашиот гинеколог, и меѓу останатото рутиснки правите Пап-тест… сте заборавиле на тоа и сте продолжиле со животот. А тогаш, пристигнале резултатите, според кои нешто не е во ред и во најмала рака, вие сте преплашени.
Иако таквата реакција е природна, добрата вест е што во најголем број случаи не е во прашање ноќниот кошмар на кој што помисливте. Иако „ракот на грлото на матката“ одѕвонува во вашата совест, имајте на ум дека Пап – тестот ги регистрира промените во ќелиите, многу пред тие да станат малигни.
Ако се случи да добиете резултати што се „сомнителни“, еве што најверојатно ќе се случува.
Вашиот гинеколог ќе ви земе HPV типизација. Овој вирус се пренесува по пат на полов однос и е одговорен за 99 проценти од случаите за рак на грлото на матката.
„Доколку резултатите од типизацијата се негативни, вашиот лекар ќе претпостави дека резултатот од Пап-тестот не укажува на ништо сериозно, така што само ќе продолжи да ја следи ситуацијата“, вели Тереза, гинеколог од Балтимор. Тоа значи дека некое време ќе доаѓате на контрола еднаш во шест месеци или барем еднаш во една година.
Доколку резултатите од типизацијата укажат на висок ризик, вашиот лекар можеби ќе одлучи контролата да се спроведе на три до шест месеци. Ова е поизвесно доколку сте во дваесеттите години, кога се шансите поголеми организмот спонтано да се избори со HPV вирусот, како и тогаш кога резултатите укажуваат на атипични ќелии од низок ризик, што значи дека промените се умерени.
Доколку сте во триесеттите години, нештата се одвиваат поинаку.
„Вашиот лекар тогаш најверојатно ќе посака да направи калпоскопија, во текот на која грлото на матката детално се прегледува, и се следат промените одблиску. Доколку забележи нешто необично, ќе земе примерок од ткивата за биопсија. Ќе почувствувате непријатност на кратко и се ќе биде готово“.
Доколку резултатите од колпоскопијата поажат дека промените се бенигни или со низок интензитет, веројатно ќе морате почесто да доаѓате на Пап-тест, еднаш во шест месеци отприлика. До тогаш, прилични се шансите организмот да се избори со HPV и ќелиите да се вратат во нормала, или пак, промените да напредуваат понатаму.
Доколку резултатите од колпоскопија покажат значајни промени, тоа бара отстранување на ќелиите кои се зафатени. Бидејќи, ако тие ќелии не се отстранат, постои ризик тие промени да прераснат во рак на грлото на матката.
Промените можат да се отстранат ласерски или по хируршки пат. Иако звучи застрашувачки, со двете интервенции ќе добиете локална или општа анестезија, во зависност од препораките на вашиот лекар, така што нема причина да се плашите од болка.
Кога ќе пристигнат резултатите, лекарот ќе ве информира за следните чекори.
Токму овој редослед на настаните е причина поради која не би требало да избегнувате редовни контроли на гинеколог. Папа – тестот е прва линија „одбрана“ кога станува збор за рак на грлото на матката, и едноставен начин да бидете сигурни дека нема причина за грижа.