Светла и жива, сончева и пријатна , елегантна и стилска … Ова се само мал дел од комплиментите кои може да ги упатиме кон семејната куќа, која се наоѓа во Малата Венеција во Лондон , Велика Британија.
Архитектите и дизајнерите од DOSarchitecture прават едно уникатна подобрување при реновирањето на куќата, додавајќи стаклен атриум во задниот дел на дворот. Тој се претвора во најкул место во куќата, во кое можете да седнете и да работите на мир , да вечерате со семејството или пријателите, да го поминете слободното време со добра книга и чаша ароматично кафе или едноставно да уживате во прекрасната глетка кон зелена градина.