Sony патентираше смарт-перика

Дали ќелавеете и се чувствувате како изгубени? Ја губите ли косата, но и концентрацијата и меморијата? Тогаш SmartWig (смарт-периката) од Јапонија е веројатно она што ви треба. Технолошката перика може да ги прочита мозочните бранови и сигнали кои ги испраќа мозокот на оној која ја носи периката и во исто време да го однесе носителот кон саканата дестинација благодарение на вградениот GPS систем. Ќе признаете и самите, смарт-периката е веројатно последното нешто што му е потребно на технолошкиот пазар и дефинитивно е најоткачената работа што сте ја виделе во последно време.

Државата која ни го претстави вокменот и џебните калкулатори, тоталните промашувања како што беше тостерот кој се движи, сега ни понуди hi-tech коса. Сепак Јапонија е една од култните држави кога станува збор за дизајн и технологија и самата таа ги одредува идните хитови во tech светот.

Sony SmartWig - Image credit - AFP Photo - Hiroaki Tobita - Sony CSL - Full

SmartWig доаѓа во 3 верзии:

1. Presentation Wig е прилично популарна во канцелариите бидејќи со неа се контролира ласерскиот покажувач кој е сместен на самиот врв на периката и се овозможува вртење на дигитални страници и навигација на PowerPoint слајдови.

2. Navigation Wig користи GPS кој ве води до саканата локација, па дури и комуницира со сателитите.

3. Sensing Wig ја надгледува телесната температура, крвниот притисок и мозочните бранови и сигнали, воедно снима и звуци и зачувува слики со кои им се овозможува на корисниците детален преглед на своето тело и имунолошкиот систем.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -