Сообраќајната бучава му штети на срцето

Сообраќајната бучава му штети на срцето односно го зголемува ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок, тврдат експертите од Националниот Центар за Превенција од Хронични Болести во американската држава Џорџија.

Светската здравствена организација ја окарактеризира бучавата од сообраќајот како штетна со психосоцијални и физички последици.

Според Светската Здравствена Организација потребно е да се донесат акти со кои ќе се регулира сообраќајната бучава. Доколку ова се случи тоа би било голем чекор кон подобрување на здравјето на луѓето.

Мирниот и непрекинат сон е од големо значење за целокупното човеково здравје, а сообраќајната бучава е голем проблем кога се работи за здрав и мирен сон. Затоа експертите препорачуваат колку што можно повеќе да ја избегнуваме сообраќајната бучава за да си го сочуваме здравјето.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -