Вчера (25 август) околу 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Гостивар, во Калник, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистaрски ознаки, управувано од А.И.(46) од Ново Село, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(62) од Пршовце, тетовско. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „сеат“, М.И.(46) и малолетник, додека со телесни повреди се здобиле возачите А.И. и Ј.А. и сопатниците во возилото „сеат“ Д.С.(23) и Е.Г.(26), констатирани во Клиничка болница Тетово.“, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.