Сообраќајот на државните патишта се одвива под зимски услови, а на некои делници коловозите се влажни. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градовите е умерен. На граничните премини од македонска страна, не се забележуваат подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува да се прилагоди брзината на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и да се вози внимателно.




