Состанок на министертот Муцунски со раководителката на британската дипломатија, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во Лондон имаше важна средба со Ивет Купер, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство. На оваа средба, двете страни изразија заедничка посветеност за натамошно унапредување на стратешкото партнерство, со акцент на економските врски, трговијата и инвестициите.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата за реализирање на Договорот Влада со Влада, како и интересот за нови заеднички активности со цел привлекување на британски инвестиции и унапредување на економската соработка. Во оваа насока, беа разгледани следните чекори за развој на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји.

На средбата се дискутираше и за проектите Коридор 8 и 10, од инфраструктурно и стратегиско значење. Соговорниците разменија мислења околу прашањата за регионалната и европската стабилност и безбедност. Исто така, тие се осврнаа на значењето на соработката во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, конфликтот во Украина и состојбите на Блискиот Исток.

Прочитајте и:  Македонија за првпат учествува на престижните 12 Punto состаноци во Истанбул - нови можности за меѓународни филмски копродукции.