Ренато Мршиќ од Хрватска работел на своето фиќо по цел ден, изминативе 5 месеци, а вложил 15.000 куни. Неговиот труд бил награден со петка на матурата и две златни медали.
Во изградба на е-фиќото деветнаесет годишниот иноватор посветил повеќе од 2.000 часа работа.
„ Пет месеци станував во 6 часот, одев во Електро-индустриското училиште во Ријека, се враќав околу 16 часот и работев доцна во ноќта. Тоа ми беше и хоби и страст“, вели Ренато.
Автомобилот го направил како матурски проект.
„ По една емисија која ја гледавме за слични автомобили, почнав да работам на фиќото онака од желба, но професорот ми предложи да го направам тгоа за матура. Мислам дека не очекуваше да се движи, па затоа веројатно беше толку многу воодушевен“, низ насмевка вели матурантот.
Големиот труд и искуство вложени во автомобилот стар 37 години го потврдија и двете златни медали: на саемот за млади иноватори во Загреб.
Е-фиќото има можност за прилагодување на преносот на силата на моторот, на тркалата, што му овозможува подобри перформанси. Моментално батеријата треба да се полни 24 часа за да извозите 20 км, со брзина од 50км на час.