Состојбата на ноктите, говори за здравјето и издава симптоми

Белите нокти можат да укажуваат н аповеќе нешта, но најчесто се поврзани со проблеми со црниот дроб. Доколку имаат син одблесок – тоа упатува на лоша циркулација и недостаток на кислород во крвта.Велат дека ноктите се огледало на нашето здравје. На нив е можно да се забележат бројни проблеми и болести, па важно е внимателно да се следат нивните промени. Погледнете што се можеме да прочитаме од ноктите.

Тенки нокти

Тенките и кршливи нокти, најчесто се знак на анемија. Се порачува да се јадат многу цвекло, брокула и спанаќ.

Бели нокти

Белите нокти можат да укажуваат на повеќе нешта, но најчесто се поврзани со проблеми со црниот дроб.

Кршливи нокти

Ноктите честопати се кршат, поради тоа што се суви. Набавете добра крема за раце, масло за нокти и започнете да пиете многу вода.

Темни нокти

Ноктот кој одеднаш добива темна дамка или линија, секако би требало да се прегледа на доктор. Можеби се работи за сосема безначајна работа како габи, но не е исклучена можноста дека можеби се работи за нешто посериозно, укажуваат експертите.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Нокти со син сјај

Доколку имаат вашите нокти син сјај, тоа упатува на лоша циркулација и недостаток на кислород во крвта. Исто така, може да укажува и на проблеми со белите дробови или срцето, па зошто да не посетите стручно лице.

Хоризонтални линии

На ноктите често знаат да се појават линии, а хоризонталните укажуваат на стрес или некој шок.

Вертикални линии

Тие најчесто доаѓаат со годините. Потрудете се да користите хидратантни креми и избегнувајте агресивни средства за отстранување на лакот за нокти.

Дебели нокти

Здебелените нокти се честопати знак за габи, но не треба да паничите. Појдете на доктор и  лесно решете се од проблемот.

- Реклама -