Совети за подолг и поздрав живот

zdravje_intro Прочитајте ги и обидете се да ги следите овие едноставни совети кои вашиот живот ќе го направат поубав и подолг. Нема причина да се чувствувате лошо кога со само мало менување на некои  животни навики се случуваат толку многу промени на подобро. Не се плашете, советите се да јадете повеќе чоколадо, да одите на масажи, да пиете вино…

Прочитајте ги и обидете се да ги следите овие едноставни совети кои вашиот живот ќе го направат поубав и подолг. Нема причина да се чувствувате лошо кога со само мало менување на некои  животни навики се случуваат толку многу промени на подобро. Да почнеме!

joga1. Вежбајте јога – го намалува крвниот притисок, ја подобрува флексибилноста и ве ослободува од стресот.

2. Контролирајте го стресот – го зголемува крвниот притисок, а намалува имунитетот.

3. Внимателно со виното – умереното пиење е добро за срцето поради антиоксидансите кои ги има во овој пијалок, но ако претерате го зголемувате ризикот за рак на устата, како и проблеми со црниот дроб и бубрезите.

4. Откако се утврди врската меѓу болестите на непцето и оние на срцето не заборавајте добро да ги исчистите забите!

5. Ризикот од дебелина е еднаков како и ризикот од пушење. Дури 30 000 смртни случаи годишно се поврзани со преголема тежина.
kuchence
6. Чувајте домашно милениче – докажано го намалува крвниот притисок, стресот, а ги зголемува шансите за живот по сериозни боледувања.

7. Заборавете на скарата. Готвење месо на високи температури создава хемиски реакции кои го зголемуваат ризикот за рак на желудник, панкреас, дојка и на дебелото црево.

8. Средете си го дворот. Истражувањата покжуваат дека само со прошетка низ убава градина значително се намалува стресот, а работењето низ двор согорува калории, го затегнува телото и го изострува умот.

9. Не за солариумот! Го зголемува ризикот од рак дури за 20% за секоја декада во која сте биле на солариум пред да наполните 60 години.

10. Редовно мерете притисок. 120 000 мозочни и срцеви удари може да се избегнат и 62 000 животи годишно можат да бидат спасени со едноставно мерење и соодветно контолирање на крвниот притисок.

11. Ослободете се од депресијата. Еден од петорица луѓе пати од депресија, а таа буквално убива. Симптомите може да бидат исцрпеност, чувство на беспомошност и вина, недостиг од мотивација, немање самодоверба, вознемиреност, постојана загриженост. Доколку сте депресивни, побарајте помош.

12. Околу милион луѓе имаат дијабетис, а не знаат за тоа. Проверете да не случајно сте еден до нив. Симптомите вклучуваат екстремна жед, зачестено мокрење, губење тежина, умор.

13. Глаукомата напаѓа еден на секои 50 луѓе на возраст над 40 години. Вообичаено нема сиптоми се додека болеста не е толку развиена што видот е трајно оштетен. Затоа, тестирајте се и дознајте навреме.

14. Следете ги промените на кожата. Консултирајте го докторот за промените на кожата, модринки кои не поминуваат за еден месец, израстоци, нови бемки, стари бемки кои се зголемуваат, ја менуваат бојата, ве чешаат, крварат или закоравуваат.

15. Запознајте си ги градите. Да! Мора да знаете како вашите гради изгледаат и како ги чувствувате на допир за лесно да може да препознаете грутки или било какви промени веднаш кога ќе се појават.

diet16. Медитеранската исхрана може да спречи дури 25% од случаите на прерана смрт. Тоа значи дека треба да готвите со маслиново масло, да јадете многу свеж и мешункаст зеленчук, риба, јогурт и квалитено вино.

17. Кај жените редовната проверка со земање брис е задолжителна. На овој начин, со рано откривање на ракот на матка се спасуваат 5 000 животи годишно.

18. Редовно и на забар. Стоматолозите веднаш ги препознаваат знаците за рак на и во устата. Задолжително одете ако забележите бели или црвени дамки или згрутчувања на усните, во устата или грлото.

19. Оставете ги или намалете со цигарите.

20. Митот е срушен! Раѓањето деца во 40тите години од животот се препорачува, а истражувањата покажуваат дека токму жените кои раѓаат по четириесетата имаат четири пати поголема веројатност дека ќе доживеат 100 години отколку оние кои не го направиле тоа.

21. Редовен и квалитетен сон подмладува. Инаку, драстично се зголемува ризикот од хронични болести.

22. Редовен и квалитетен сон не значи и премногу спиење. Тоа води кон депресија и ментална неактивност.

23. Станете од кревет штом ќе се разбудите. Ако продолжите да лежите, веројатно пак ќе заспиете, а таков вид на втор сон го затапува мозокот. 
180px-miso_soup
24. Јадете Мисо супа. Односно, пијте ја. Јапонците ја пијат за време на појадокот и како последна храна пред да си легнат. Ве чува на безбедна дистанца од ракот и болестите на срцето и црниот дроб.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

25. Шетајте се. Луѓето кои живеат во урбани средини си го продолжуваат животот со прошетка во паркот.

26. Преселете се во село. Луѓето во село во просек живеат 6 години подолго од оние во град. Ако не се селите, одете таму што почесто можете.

27. Продолжете да работите. Луѓето кои работат и по возраста предвидена за пензионирањето се поздрави од оние кои се пензионираат.

gaspacho28. Јадете гаспачо. Со две чинии дневно за само две недели се зголемува количеството витамин Ц во крвта, а и комплетно се зајакнува имунитетот.

29. Проверете го холестеролот. Ако е толку висок што не може да се намали со правилна исхрана и вежбање, лекарот ќе ви препише соодветна терапија која ќе го донесе до саканото ниво. Бадеми, риба, црвено вино, соја и производи од соја го намалуваат холестеролот. Пржени месни производи, помфрит, купечки колачиња најмногу го зголемуваат лошиот холестерол.

30. Јадете повеќе чоколадо. Но, мора да е црно, бидејќи тоа содржи моќни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

31. Проверете зошто хрчите. Пречките во дишењето за време на спиењето кои се причина за хрчење може да предизвикаат повишен крвен притисок и поспаност во текот на денот.
milk_bone_0.preview
32. Зајакнете ги коските. Остеопорозата напаѓа една од три жени на возраст над 50 години. Јадете храна богата со калциум и витамин Д, не претерувајте со алкохолот и цигарите и редовно вежбајте.

33. Пијте многу вода. 8 чаши дневно ќе се справат со токсините.

34. Најмногу стогодишници има меѓу жителите на Јапонскиот остров Окинава, па секако е добра идеја да ги копирате нивните навики. Ниско калорична исхрана со седум порции овошје и зеленчук дневно, многу житни растенија, риба и соја, вежбање карате и танц, редовни прошетки и работење во градината. Овде луѓето имаат силно чувство на припадност во заедницата и лесно се справуваат со стресот.

35. Повеќе секс! Сексот е одлична физичка активност,  ослободува ендорфин и го стимулира целиот имунолошки систем.

2414793728_41246cf04936. Докажано е. Мора да правите стомачни вежби. Истражување објавено во The Journal Of Medicine And Science In Sports покажува дека смртната стапка кај луѓето со послаби стомачни мускули е поголема.

37. Посветете му внимание на мозокот. Читајте, решавајте крстозбори и судоку, почнете да учите нов јазик, било каков умствен предизвик е добредојден.

38. Стремете се кон успехот. Според истажување направено на University College London колку е повисок вашиот статус, толку сте поздрави.

39. Масажата ја подобрува циркулацијата, го забрзува заздравувањето после повреда, ги зајакнува мускулите и ја подобрува целата здравствена состојба.

40. Имајте позитивен став. Кај оптимистите чашата е дури 55% пополна. Толку е помал ризикот од смрт отколу кај оние кои имаат негативен став кон животот.

41. Здравје во чаша = зелен чај. Една шоља дневно го намалува ризикот за боледување од висок притисок дури за 60%. Дури и го забавува растењето на канцерогените клетки, а полн е со антиоксиданси кои спречуваат дијабетис и рак.

42. Среќните врски и бракови го продолжуваат животот. Сакајте се.

43. Смејте се. Смеењето може да ја подобри циркулацијата исто колку и вежбањето аеробик, а ги опушта и крвните садови, го намалува нивото на стрес хормоните и ослободува ендорфин.

{youtube}liVVmqfLEpg{/youtube}

44. Напијте се кафе. Умерена количина кафе, една шоља дневно, штити од рак на црниот дроб.

45. Истражувањата покажуваат дека музиката влијае на психата и телото, а се повеќе се развива и т.н. музичка терапија. Слушајте го она што ви се допаѓа и уживајте.

46. Добра вест за жените. 90% од стогодишниците се жени. Толку.

47. Волонтирајте. Кај луѓето кои волонтирале се забележува подобрување на менталното и физичкото здравје.

48. Проширете го кругот на пријатели. Експертите тврдат дека за здравјето кругот на пријатели е важен колку и вежбањето.

49. Бидете адаптибилни и флексибилни. Луѓето кои доживуваат сто години не се луѓе кои се откажуваат, ниту пак се луѓе кои не знаат да ги прифатат загубите и да продолжат со животот.

50. Развијте ја спиритуалната страна. Верувајте во нешто. Радувајте му се на денот. Ете ви безопасен верски ситем – верувајте дека секој ден ќе биде се подобар и подобар од минатиот. Уживајте!

- Реклама -