Совети за среќен и исполнет живот

Анмари Џејмс Томас била мајка на 4 машки деца со возраст измеѓу 22 и 13 години. Нејзиниот сопруг ја опишува како жена со несовладлив дух и позитивен однос према животот. После две годишна борба со ракот, ја губи битката на 44 години. Во последните денови од нејзиниот живот, запишува неколку животни ставови кој сака да ги пренесе на своите деца.

1. Се што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок.

2. Сам ја пишуваш својата судбина. Немој да дозволиш некој друг да го направи тоа наместо тебе.

3. Се што некој ти направил во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти не го дозволиш тоа.

4. Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај му на тој впечаток.

5. Да бидеш загрижен е губење енергија. Многу е подобро да ја искористиш грижата како мотивација и да направиш нешто.

6. Она во што веруваш е многу помоќно од она за што сонуваш или од она што го сакаш. Секогаш ќе се претвориш во тоа што си верувал.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

7. Доколку единствената молитва ти е само едно обично “Благодарам”, и тоа е доволно.

8. Среќата која ја чуствуваш директно е пропорционална на љубовта што ја даваш.

9. Неуспехот во една работа, искористи го како повод за друга работа.

10. Ако направиш избор со кој никој не се согласува, светот нема да се распадне поради тоа.

11. Верувај им на својате инстикти. Тие никогаш нема да те изневерат.
12. Сакај се себеси и научи како таа љубов да ја насочиш и према другите луѓе.

13. Во работата нека те води страста.

14. Љубовта нема да те повреди. Баш напротив, убаво е чуството.

15. Секој ден е шанса да се започне од почеток.

16. Сомнежот е сигнал за твоето “не”, Доколку се сомневаж, не брзај, размисли добро.

17. Кога незнаеш што да правиш, стрпи се малку и почекај мирно. Одговорот сам ќе ти се покаже.

18. Никое зло не е вечно.

19. И ова ќе помине.

20. Секогаш биди верен кон себе.

- Реклама -