Совети за убаво да излезете на фотки, на плажа

Иако уште не е започната сезоната на летни одмори, многу девојки веќе стартуваа со објавување на фотографии од море, базен или езеро и плажа.

Ако се нервирате што ви се познаваат недостатоците на телото, додека ги прегледувате фотографиите, ви нудиме неколку совети, со чија што помош ќе ги прикриете истите.

  1. Подигнете ја брадата, исправете ги рамената и насмевнете се.

  1. Ставете ги нозете една до друга и подигнете се – тоа ќе ја направи вашата фигура поизразена и ќе создаде ефект на издолжени нозе.

  1. Прекрстете ги нозете,  вовлече го стомакот, исправете го грбот и поставете ги рацете на половината.

  1. Обидете се да се држите на лактот, а не да легнете целосно. Допрете ги колената едно до друго.
Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

  1. Ако се фотографирате во профил, не се опуштајте со телото.

  1. Ако седите – повторно, стегнете се. Ова правило не се однесува само за време на сликањето.

  1. Крупната фотографија е најдобро да ја правите малку свртени на страна, со крената брада.

 

- Реклама -